Нови бекатон плочки и канделабри на ул. „11 Октомври“ во Кичево

Деновиве заврши поставувањето на новите канделабри и бекатон плочки на тротоарите на една од најстарите улици во Кичево 11 –ти Октомври. Овој зафат е дел проектот за реконструкција на улиците и тротоарите во средиштето на градот. Деновиве засилено течат работите на некогашната занаетчиска улица , попозната како Оридска. Со завршувањето на овој зафат  средиштето на градот ќе добие неспоредливо поубав урбан лик.
Текст и фото: Зоран Антоски