Презентирани новите кредитни линии на МБПР за мали и средни претпријатија

Категории: Кичево, Слајдер

Регионалната комора со седиште во Кичево во соработка со Македонската банка за поддршка на развојот, по големиот покажан интерес од страна на стопанствениците во регионот, повторно одржа  презентација на кредитни линии наменети за малите и средни претпријатија (27.9.2013 година).
Презентацијата пред присутните дваесетина компании, претставници од локалната самоуправа, ЛЕР – Кичево, како и секретарот на општина Кичево, ја отвори потпретседателот на Регионалната комора,  Алија Зулбеароски. Тој посебно ја истакна добрата и отворена соработка со Македонската банка за поддршка на развојот, која секогаш ги поддржува идеите за добар бизнис.


Новите во кредитни линии на Македонската банка за поддршка на развојот наменети за мали и средни претпријатија и новите продукти во однос на кредитното осигурување ги претстави Виктор Калајџиски од Секторот за кредитирање на МБПР.

Детално беа разгледани можностите за кредитирање, осигурување на побарувањата  и факторингот како нова услуга. Голем  интерес беше покажан за директните кредити од МБПР:  кредитната линија за производство, преработка  и извоз на земјоделски производи и кредитната линија од земјоделски дисконтен фонд.
Инаку, поддршката  од Европските инвестициска банка кон малите и средните претпријатија е наменета за инвестициски кредити, за обртни средства – приоритетни проекти преку банките учеснички во нивната дистрибуција.

Од страна на присутните беше отворена дискусија и пројавен интерес за времето на одобрување на средства, со најава за добро искористување на средствата со вложување и проширување на бизнисите.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,