ВИДЕО: Меџити го сака Кичево во етничка Албанија, а Дехари да бил шериф на градот

Ново скандалозно видео се појави вчера, пренесе телевизијата Канал5. Кичево со градоначалник Албанец ќе стане дел од Албанија; Немам дилема дека Кичево станува „Крчова“ – порачува чаирскиот градоначалник Изет Меџити. Со оваа порака Меџити ги повикува Албанците од Америка да дојдат и да гласаат на локалните избори.

– Победата на ДУИ во Чаир, Тетово, Гостивар нема да биде целосна доколку Кичево не добие градоначалник Албанец и со тоа стане дел од етничка Албанија – додава тој.

Изет Меџити потенцира дека е многу искрен кога бара со гласовите на Албанците кичево да стане дел од етничка Албанија.

Присутните на промоцијата во Чикаго меѓу кои има и активни македонски дипломати скандираа на пораката дека ДУИ сака етничка Албанија. Како што од 2005 Чаир, Струга и Долнени дишат албански така и сега кичево  на 24 март треба да стане Крчова вели Меџити. Промоцијата на Дехари во Чикаго се случила на 17 февруари односно неколку недели пред одлуката на СДСМ да има заедничка листа за советници и да го поддржи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ во Кичево.
Меџити

Правејќи погрешна паралела со американската локална самоуправа Меџити во Чикаго вели дека како што во САД шерифите одлучуваат за администрацијата и издавање дозволи така и Дехари од 24 ќе стане шериф на Кичево и ќе одлучува за се на локално ниво.

По изјавите на Сали Бериша за унификација на Албанците и обединување на албанските територии од Подгорица до Скопје и од Прешево до Превеза и прогласувањето на Хашим Тачи на Скопје за главен град на албанските територии во два наврати Вашингтон побара албанските лидери да запрат со изјавите во кои се бара голема Албанија и етничко прекројување на границите на Балканот. Барањата за голема Албанија се присутни на сите протести кои ги организираат Албанците во Скопје, Прешевската долина, Приштина и Тирана.

Во отсуство на конкретна изборна програма за своите гласачи, албанските партии повторно играат на националистичката карта.

Повеќе во видеото:

Претходно видео, тука.