Како да донесете правилни новогодишни одлуки и како да си останете на зборот

Категории: Занимливости, Магазин

making-decisions

Новогодишните одлуки се заеднички за сите луѓе во светот. Обично се работи за судбински одлуки, како почнување диета, откажување од пороци како цигари или посветување на студии и обврските. Јасно е, сите ние сме само луѓе, па често од големите планови остануваат само – големи очекувања.

Според статистиките, само едно од единаесет лица навистина се придржуваат кон новогодишните одлуки барем половина година, додека за половината од нив, одлуката трае „дури“ два дена. Важно е да се држи според планот дури и ако свртиме од патот. Полесно ќе биде ако се работи само за една одлука која треба да се спроведе – откажување од алкохол, цигари, храна и многу други работи. А од тоа има само еден излез – нов порок.

Добрата вест е дека за Нова година е психолошкиодличен момент за откажување од нездравите навики. На проблемот се пристапува во две фази: првата е поставување, а втората остварување на целта. Истражувањето покажа дека најголем број од целите ги поставуваат лица уверени во својата голема самоконтрола. Таа е, според испитаниците променлива во текот на времето. Оние кои се со слаба самокоотрола на држење велат дека таа е – непроменлива.

Остварување на целите, односно самоефикасноста, не зависи од полот, возраста и видот на самата одлука. Оние кои успеале во спроведување на одлуката имале активна и позитивна стратегија.

Активна и позитивна стратрегија значи:

– позитивно размислување („Јас тоа го можам“)

– награда за истрајноста

– одбегнување ситуации кои можат да доведат до „попречување“ (кафулиња, излегувања, забави…).

– постапно одвикнување наместо нагли апстинации

Експертите се согласуваат дека клучна состојка е вистинската желба за промена и упорноста.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: