Барак Обама нема докази за напад на Сирија?

0Shares

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама одби да и достави на агенцијата Асошиејтед прес докази за употреба на хемиско оружје во Сирија, јавуваат американски медиуми.

Во информацијата на АП, пренесена од електронските медиуми во САД се вели дека „американската Влада инсистира дека има разузнавачки податоци дека во Сирија на 21 август било употребено хемиско оружје, но јавноста треба да види барем еден конкретен доказ од разузнавачките агенции“.

Агенцијата истакнува дека не се прикажани сателитски снимки три дена пред нападот, како ни транскрипти од комуникации на сириската арммија, што би ја поврзале Владата во Дамаск со наводниот хемиски напад, иако администрацијата на Обама наведе дека ги поседува.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)