Кичевчанец се обидел да убие сограѓанин

Категории: Кичево

Полициската станица – Кичево поднесе кривична пријава против С.А.(22) од Кичево поради постоење сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“. Него одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е испратен во казнено-поправната установа во Тетово.

Кривичното дело е извршено на 18.11.2014 година околу 17,00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, каде пријавениот се обидел да лиши од живот 19-годишно лице нанесувајќи му со остар предмет две убодни рани во пределот на грбот по што избегал од местото на настанот и го оставил повредениот. На овој настан му претходела жестока вербална расправија помеѓу двете лица. На повредениот му е укажана лекарска помош во општата болница во Кичево.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,