Бесплатни обуки за основни и напредни компјутерски вештини и во Кичево

Категории: Македонија

Владата на Република Македонија објави јавен повик за бесплатни обуки за основни курсеви по информатика кои се наменети за сите граѓани и бесплатни обуки за напредни информатички вештини, кои се наменети за невработените лица кои имаат повисок степен на познавање на овие вештини.

Како што информираше портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, првиот проект кој се однесува на бесплатни обуки за основни компјутерски познавања има два модула. Првиот модул е за канецелариско работење, а вториот за комуникациски техники. Обуката ќе се врши во бесплатните интернет клубови во 22 града, Скопје, Битола, Тетово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Кичево, Неготино, Куманово, Кочани, Кавадарци, Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Гевгелија, Крушево, Македонски Брод, Демир Капија, Крива Паланка, Кратово и Ресен.

Во градовите во кои најмалку 20 отсто од граѓаните се од националност што е немнозинска, обуката, освен на македонски, ќе се спроведува и на јазикот на националноста.

-Процедурата за поднесување на документите е многу едноставно. Тие можат да се поднесат преку пошта, по е-маил и преку телефон. По пријавувањето лицето ќе добие повратен одговор од Министерството за информатичко општество. И во првиот и во вториот модул обуката ќе трае четри седмици, односно по еден час и 30 минути секоја седмица, изјави Ѓорѓиев.

Вториот проект кој се однесува за  бесплатни обуки за напредни информатички вештини, како што рече Ѓоргиев е со цел да и се помогне на оваа категорија невработени да станат поконкурентни на пазарот и побрзо да најдат работа. –Ова е нова мерка кои произлезе од Активниот план за вработување, а се однесува за два програмски пакети напредни компјутерски технологии, графички дизајнери и ЈАВА веб девелопери. Агенцијата за вработување овој месец ќе почне постапка за обезбедување провајдери кои ќе ја вршат обуката, а потоа, во првата половина на септември, ќе биде распишан јавен повик за невработените кои сакаат да ги посетуваат обуките, информира владиниот портпарол.

Право на учество имаат сите невработени лица евидентирани во Агенцијата, но ќе се прави проверка дали некое од нив останало без работа во последните три месеци. Предност ќе имаат невработените со понапредни познавања од областа на информатичката технологија. Времетраењето на обуката ќе биде до четири месеци, а ќе ја спроведуваат стручни предавачи. Добиениот сертификат на невработените ќе им го олесни учеството на пазарот на труд.

Портпаролот Ѓорѓиев апелираше до сите заинтересирани да аплицираат и да ја искористат оваа можност што им ја нуди Владата, односно да ги искористат бесплатните курсеви и да се стекнат со знаења и вештини кои ќе им помогнат во нивното вработување.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,