Од утре заладување и снег

Категории: Македонија, Слајдер

IMG_4571

Заладување и спуштање на температурата до минус девет степени се очекува за викендот. Намалување ќе има и на дневната температура при што максимумот ќе биде четири степени, а се најавуваат и врнежи од снег на пониските места. Уште денешниот ден ќе биде топол ден со температура до 16 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија најавуваат дека од петок попладне и вечерта се очекува продор на студена воздушна маса проследен со умерен до засилен северен ветер, нагло опаѓање на температурата и врнежи кои на повеќето пониски места ќе преминуваат во снег.

Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне кога ќе се формира и снежна покривка. Дневната температура во сабота ќе биде во просек за 10 до 15 степени пониска во однос на денешната

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,