7-ми Септември денот на ослободувањето на Македонски Брод

Со низа свечености беше одбележан 7-ми Септември, денот кога пред 69 години беше ослободен Македонски Брод. По тој повод делегација на општината предеводена од градоначалникот Милосим Војнески, положи венци и букети свежо цвеќе на спомен обележјето на тврдината Кале.

Покрај делегацијата на општината свежо цвеќе положија и децата од детската градинка„ 7-ми Септември“ и основното училиште „Св.Климент Охридски“. Во текот на претпладнето Советот на општината одржа свечена седница, а на заслужни граѓани им беа доделени пофалници и признанија, сето тоа беше збогатно и со свечен коктел. Свеченоста беше надополнета и со културно уметничка програма подготвена од учениците од М. Брод, истата започна во 12 часот во центарот на градот.
Зоран Антоски