Одблиску со Маја Арминовска, основач на клубот на писатели во Кичево

Категории: Кичево

Писателката Маја Арминовска е родена во 1985 год. во Битола каде завршила средно медицинско училиште во Д.С.М.У. ‘ Д-р Јован Калаузи “. Дипломирала на Високата медицинска школа во Битола, отсек општа медицина. Моментално е невработена. Па има повеќе време да другарува со поетското перо кој и е верен пријател уште од првите училишни денови. Инспирацијата ја наоѓа од многу места – од секојдевните случувања, сé што го доживеала или пак некој му се случило, а неа и го раскажале, би го преточила во песна или пак прозен текст. Почетокот на Март месец  ќе биде дел од Европскиот поетски фестивал во Нови Сад, како еден од претставниците на Македонија. Член е на Клубот на писатели ‘Стале Попов “ – Битола, од 2003 год, каде мошне успешно ги завршува школите за пишување ‘ Пегаз” и ‘Пат на зборот”. Таа минатата година во мај, за прв пат во нашиот град отворила клуб на писатели, но за жал во моментот немаат просторија (кој може да помогне нека се обрати: poezija_proza@yahoo.com)

При еден скромен обид да се појави во литературната јавност, нејзината песна ‘Св.Наум” е закитена со награда за најдобра песна. Од тој миг се нижат како на ѓердан бисери безброј награди:

– Награда за успешно презентирање и учество во литературната секција при Државниот ученички дом „Мирка Гинова”- Битола, декември 2002 година;

-Три пофалници за наградени песни и текст на анонимниот конкурс на  тема „Војната – зло кое ни го урива светот” по повод Светскиот ден на книгата, доделени од Клубот на писатели „Стале Попов” од Битола, во соработка со Државниот ученички дом „Мирка Гинова” – Битола, април – 2003 год. ;

-Благодарница за афирмација на литературното творештво во Општина Кичево по повод 60 год. од ослободувањето, доделена од градоначалникот и советот на општината, септември 2003 год. ;

-Благодарници за учество на  ИИ Поетски аматерски фестивал, мај 2004 год. и III Младински поетски фестивал, мај 2005 год. доделини од МКА-Прилеп ;

-Три дипломи од Школата за пишување Пегаз при Клубот на писатели „Стале Попов” од Битола во 2003, 2004, 2005 год.

-Две дипломи од Школата за пишување Пат на зборот при Клубот на писатели „Стале Попов” од Битола 2006 и 2007 год.

-Дипломи  од Канцаларијата за помош на млади и Прва помош доделени од Државното средно медицинско училиште „ Д-р Јован Калаузи” од Битола, 2004 год. ;

-Благодарница од Детскиот фестивал ,,Фан-фест 2007” – Кичево за текстот на песничката ,, Морнар да бидам “, автор на сценариото и водителка;

-При свечените заклетви во касарната „Стив Наумов” во Битола, таа на војниците од името на најмладите од градот под Пелистер со своите лични творби и текстови им ја честиташе најсветата обврска – одбрана на слободата и самостојноста на Р. Македонија;

-Особено значајно за неа е и учеството на манифестацијата ‘ Поетска ноЌ “, август 2008 год. – Кичево, каде рамо до рамо настапува со афирмирани поети од земјава и странство, учесници на СтруШките вечери на поезијата. Манифестацијата беШе во организција на Националната установа Центар за култура ‘Кочо Рацин” -Кичево ;

-Благодарница од Детскиот фестивал ‘Фан-Ки” – Кичево за текстовите на песничките ‘Врвен каратист” и ‘Акордите на мојата гитара”, авторка на сценариото и водителка, октомври, 2008 год. ;

Сепак за свој најголем успех ја смета Првата награда на Меѓународната поетска манифестација ‘ Илинденски денови “ -Слободни поетски денови – мај 2009 год, каде во конкуренција на голем број поети,  нејзиното првенче  ‘ Мелени бисери “ ја доби највисоката награда на престижната манифестација, организирана од Општина Илинден;

-Благодарница од Детскиот фестивал ‘Фан-Ки” – Кичево за текстовите на песничките ‘Мојата барбика”  и  ‘ Симпатија “ , мај 2010;

™ -Прва награда на Поетската манифестација Белица 2010 за песната ‘ На Александар Македонски”,  мај  2010 год.

-Благодарница за учество на Поетската манифестација ‘Илинденски денови”, мај 2010 ;

-Втората награда за песната ‘ Го сликам твојот портрет “ на Месецот на книгата, организирана од библиотеката „Гоце Делчев”- Гевгелија,  ноември 2010 год.

Својата поезија храбро ја споделува и со читателите на ,,Искра”;  ,,Армиски збор-Вест” ; ,,Таа”; ,,Тинејџерски дух “ ;  ‘Кичевско огледало”, по чии страници се нашол само мал дел од поетското творештво на оваа млада, но мошне плодна писателка, која умее да го одмери зборот, да ја скова мислата во творби специфични само за нејзиниот идентитет и стилот на пишување кој таа го негува. Литературната јавност ја знае по љубовната стихозбирка ,, Мелени бисери”, но свое место под ѕвездената патека посакуваат и нејзините наредни стихозбирки: ,, За сите мои драги лица”; ,, Бојата на љубовната болка”; ,, Тивко се палат розите”; ,, Скршена вистина за една птица”; ,,Третото што не спојува”; ,, Ѕвонец на душата”; ,, Испепелена” ; ,, Сонот на малата пеперутка”; ,, Кротка плачлива гулабица”; ,, Убавица на мудроста” и други.

Делото кое го подарува е наречено Прозни молитви, издадено со група автори, најголем дел од текстовите се на Маја, самиот наслов зборува дека станува збор за текстови кои раскажуваат за животните перипетија, љубовните раскрсници, страдањата, како и барањето на парче среќа, размена на делови од мозаиците помеѓу две срца. Најискрено се надева дека оној што ќе ја добие книгата од неа ќе извлече неоја корисна поука, и еден ден повторно и повторно ќе се наврати да ја препрочита, оставајќи му силен печат врз неговите емоции… Порака на авторката животот е најскапоцен благодет кој Бог ни го дарил, треба да го најдеме вистинското соѕвездие под кое среќно би живееле. А љубовта е најголемо олицетворение за среќа, важна партикула за нечија исполнетост, двигател на инспирацијата на Маја, без разлика дали има подеми или падови на љубовната крстосница.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,