Невремето го одложи дербито во Кичево

Поради лоши временски услови мраз и снег, дерби фудбалскиот натпревар од последното есенско коло помеѓу Металург и Напредок не се одигра.

Капитените на двете екипи одлучија мечот во Кичево да не се одигра и истиот да се презакаже за некој нареден термин.

-Условите за фудбал на нашиот стадион беа исклучително тешки. Не беше пречка само снегот, туку и мразот на теренот. Штета што времето не дозволи во голем стил да ја завршиме оваа полусезона – рече Драган Бочески,тренерот на Напредок.

Комесарот за натпревари ќе одлучи дали мечот во Кичево ќе се одигра есенва или на почетокот на пролетта.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија