ФОТО: Off Road прошетка низ Крушино

Вообичаено Крушино го искачуваме или преку постојниот пат или „прекутрупа“ по сега обележената патека. Поретко одиме во делот кој е над населба Иванидол. А таму има што да се види. Викендов беше добра можност сите кои собираат печурки да најдат некоја па да се зготви добра супа. Сепак, внимателно со печурките.

Како и да е, боровата шума, богатството на Кичево, ќе ви ги наполни батериите. Дури го пишуваме ова, надвор веќе реди снег. Уште една причина повеќе да се прошетате.

Фото: Божин Божиноски