Оваа недела нов оглас за кредити за самовработување млади лица

Категории: Македонија, Слајдер

Оваа недела од страна на Агенцијата за вработување ќе бидат објавени огласи преку кои се нуди финансиска поддршка за самовработување на лицата кои што се невработени и се наоѓаат на евиденција на АВРМ.

Овој оглас неодамна го најави премиерот Никола Груевски, а преку него државата ќе понуди финансиска поддршка и можност за добивање на евтини финансиски средства за започнување и за ширење на бизнис, и за нови вработувања.

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев денес истакна дека во рамките на тој оглас кој ќе го објави Агенцијата за вработување ќе биде содржани поголем број мерки, односно варијанти преку кои ќе може да се добие финансиска поддршка и за започнување на бизнис и за ширење на бизнис.

Во огласот ќе се содржат мерки и варијанти со кои ќе се нуди финансиска поддршка за невработените лица кои се наоѓаат на евиденција на АВРМ со цел да се самовработат и да започнат свој бизнис, но и финансиска поддршка за работодавачите кои имаат за цел да го шират својот бизнис и да отворат нови работни места и да вработуваат нови работници.

-Доколку се работи за основање на бизнис од страна на невработени лица кои имаат под 29 години старост, кои сакаат да отворат 5 нови работни места, тогаш може да се добијат од 7.000 евра до 23.000 евра. Притоа основниот кредитобарател кој има под 29 години може да добие 7.000 евра, а за секое од останатите 4 новоотворени работни места на кои би се вработиле млади под 29 години, да се добијат кредитни средства во висина од 4000 евра по работно место (значи 16.000 евра за четирите работни места), или максимум 23.000 евра за сите 5 работни места, 7000 евра за основниот кредитобарател и по 4000 евра за секое останато ново работно место. Доколку пак се здружат 2 лица може да се добијат 11.000 евра, 3 лица 15.000 евра, 4 лица 19.000 евра. Рокот на поврат на средствата од кредитот е 7 години, со вклучен грејс период од 18 месеци и каматна стапка од 1 процент на годишно ниво, истакна Ѓорѓиев.

Покрај мерки за финансиска поддршка за самовработување и за вработување на млади лица под 29 години, ќе има и мерки за самовработување и за вработување на лица кои имаат и над 29 години, а посебни варијанти на поддршка ќе бидат наменети и за лицата кои останале невработени како резултат на технолошки вишок или стечај на компаниите во кои работеле претходно.

Во АВРМ и МТСП стојат на располагање за објаснување на деталите, за совети и препораки до лицата кои сакаат да конкурираат. Сите детали, мерки, варијанти, и сите аспекти ќе бидат објаснети во огласот кој ќе биде објавен и промовиран.

Владиниот портпарол испрати апел до сите лица кои имаат идеја и интенција да развиваат бизнис, да ги проучат можностите кои им се нудат.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,