Општина Кичево продава земјиште на елекронско јавно наддавање

Општина Кичево на својата интернет страница објавува оглас за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање. Земјиштето е со намена за изградба на објекти за семејно домување во станбени куќи во Општина Кичево и се наоѓа во населбата Иванидол.

Предмет на наддавање се 16 парцели со големина од 254 m2 па се до 1140 m2. Почетната цена е 61 односно 282,70 денари по метар квадратен.

Повеќе за условите прегледајте го самиот оглас, тука.