Оливера Ширгоска со најубаво фарбано велигденско јајце

Вчера инвентивните раце на нашите сограѓанки ги покажаа своите креативни способности во повеќе категории. Се натпреваруваа во категоријата, најубаво фарбано јајце, најубава Велигденска погача, најубава торта и во натпревар во кршење јајца.

Велигденското јајце под шифра „Богородица” беше прогласено за најубаво фарбано јајце, на натпреварот што во организација на црквата„ Св. Петар и Павле”,  се одржа на втор ден Велигден. Креатор на најубавото фарбано јајце е Оливера Ширгоска од Кичево. Цената на најубавото јајце достигна 300 денари.

Најубава велигденска погача под шифра „Велигденска” ја подготви Жаклина Николовска, додека најубавата  кошница ја подготви Цена Станкоска. Меѓу слатките најдобар беше аранжманот „Бела Кристи” на Бети Цавироска. Победник во кршење на јајца беше младата Кристина Илиоска. По натпреварот беше одржана лицитација на сите изработки, а средствата собрани од оваа манифестација, ќе бидат наменети за изградба на црквата„ Св.Кирил и Методиј” во Кичево.

Зоран Антоски