Оригинална понуда на градоначалникот на Македонски Брод – ергените се на потег!

Категории: Македонија, Слајдер

Загрижен поради се поголемиот број на ергени, градоначалникот на Македонски Брод на момчињата од Поречието им нуди бесплатно патување до Русија и Украина за да си најдат невести и ветува свадби на општински трошок – пренесува телевизијата Канал 5.

Во Македонски Брод некогаш живеаа 24 илјади жители. Денеска, тој број е трипати помал. Девојките најчесто заминуваат во град или во странство.

Милосим Војневски, градоначалник на Македонски Брод кандисува над 200 стари ергени од Поречието да се оженат. Имале меѓу 35 и 50 години, а не формирале семејство. Преку невладина организација од Битола им нудат Русинки и Украинки, не постари од 35 години. Но, интерес нема, велат локалните власти во Брод. Досега се пријавиле само 4, а требаат најмалку 20 за да се формира група – на општински трошок да одат во Русија и Украина и да избираат невести. Оопштината ќе плати и за свадба и ќе издвои помош само работата да биде.

Ергените пред камера не говорат, ама велат дека младите од Поречието бегаат. Девојките се мажат или во град или во странство. Општината некогаш имаше 24 илјади жители, а денеска 8.500. Од нив, шест илјади се во Брод, а другите две илјади во 50 села од оваа, најголема по територија општина во Македонија. Лани имало 49 новороденчиња, а умреле близу 100 луѓе.

Во опстанокот на населението во селата, тврдат од општината, најголем придонес имаат невестите од Албанија. Ги има 68, кои родиле 192 деца.

Скоро на старите ергени ќе им бидат понудени и други поволности во пари и развој на селскиот, планинскиот и спеолошкиот туризам, само бројот на жителите во Пречието да остане на сегашното ниво.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,