Орка Холдинг ќе врши дијализна дејност во Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Компанијата Орка Холдинг АД Скопје понуди највисока цена за врешње дијализна дејност во Реон 2, во кој спаѓа и Кичево. Покрај Кичево, истата фирма ќе врши ваква дејност и во Тетово, Гостивар, Дебар и Струга, како и во Прилеп, Битола, Велес, Кавадарци и Охрид кои спаѓаат во Реон 3.

Покрај Орка Холдинг, дијализна дејност во други градови во Република Македонија ќе врши и компанијата Метрополитен ДООЕЛ Скопје

Двете компании по потпишувањето на Договорот со Министерството за здравство треба да основаат приватни здравствени установи за извршување на дијализа, и меѓудругото се обврзуваат да ги заменат сите нефункционални столови за дијализа постари од седум години, да обезбедат транспорт на пациентите за дијализа во секој регон, да ги заменат сите апарати за дијализа со нови модели не постари од 2008 година, да понудат вработување во редовен работен однос на постојниот медицински кадар, како и да ги следат и имплементираат сите нови достигнувања во медицината за третман и лекување на болни од хемодијализа.

На огласот на Министерството за здравство беа доставени пет понуди од Метрополитен ДООЕЛ Скопје, АД Д-р Пановски, Орка Холдинг АД Скопје, СИЗ Вита дијализен центар-Тетово и Фрезениус Медицал Саре. Од сите компании само Метрополитен ДООЕЛ Скопје и Орка Холдинг АД Скопје според Комисијата за спроведување постапка за доделување лиценца за вршење здравствена дејност дијализа, ги исполниле потребните услови за учество во денешното јавно наддавање.

Министерството за здравство го распиша огласот со цел да се подигне квалитетот на дијализната дејност во државата.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,