Орли да ве дигет (39)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница

vevcani
Наместо ревијален карактер на манифестацијата со прикажување на маски од народното творештво, некому му од уќуматот* му дошло на памет да ја направи ревијата со натрпреварувачки дух, па така во хотел Липа, Прилеп се одржала финалната вечер. Се разбира, поради афирмираноста, традицијата и публицитетот во најтесен круг за „нај маска“ влегле Струмичките Тримери и Вевчанци.

Било како било, не знаеме што преовладеало, но комисијата за прва маска на Маскаријадата ја одбрала маската од Струмичани.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Во знак на негодување, бунт и краен револт, Вевчанци при напуштањето на салата во хотелот после гласањето, со заеднички глас извикале кон комисијата: …. „ОРЛИ ДА ВЕ ДИГЕТ“……

Е сега, од тогаш па до денес не слушнав дека на манифестацијата се избира прва маска, а и како може, кому држи !!? Кога ќе поразмисли човек за изречената клетва, покатил клетва здравје ……. – да не му се знае гроб на човека, животни да си поигруваат со мртви коски, орли да ги колваат и дигаат телата, бајѓи е голема анатемата фрлена од Вевчанци спрема комисијата.

Уќумат* – од Турскиот јазик = влада, преносно – некој кој одлучува.
Анатема – од Латинскиот јазик, Anthema esto – проклет да си (е), клетва, проклетство кој ги изрекувала црквата кога исклучувала некој од црковната заедница.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,