Во Основниот суд во Кичево одбележан Европскиот ден на граѓанското право

Во Основниот суд во Кичево денеска се одбележа Европскиот ден на граѓанското право. Граѓаните имаа можност да се запознаат со функционирањето на судот и правниот систем во државата.

Вршителот на должноста претседател на Основниот суд во Кичево, Флутурије Дервиши изрази задоволство од интересот на граѓаните и истакна дека Основниот суд секогаш е отворен за граѓаните.

– И покрај временските услови, интересот на граѓаните е задоволителен. Радува фактот што денес во голем дел судот го посетуват и студентите од Правниот факултет, изјави Дервиши.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)