Фосилни остатоци од носорог откриени во Македонија

Категории: Занимливости, Магазин, Слајдер
nosorog-stamer
Фосилни остатоци од носорог стари три до пет милиони години се пронејдени во масовната праисториска  гробница на животни во близина на селото Стамер.

На истиот локалитет пред седум години македонскиот палеонтолог Ристо Гаревски откопа череп од жирафа, што беше првиот откопан череп на жирафа на тлото на Европа.

– Со откопувањето на коските од носорог во Делчевско ги завршуваме научните истражувања за оваа година. Во наредниот период се надеваме дека нашата институција ќе добие повеќе средства за работа, изјави Ивица Здравков од Природно-научниот музеј на Република Македонија.

Локацијата на праисториската гробница кај Стамер е откриена по заслуга на месниот жител Љубе Митевски, рударски инженер, вработен во Јавното комунално претпријатие „Брегалница“.

– Среќен сум што моите претпоставки за наоѓалиштето на фосилни остатоци од праисторискиот период во околината на село Стамер добија верификација од Природно-научниот музеј на Република Македонија, изјави Љубе Митевски.

Тој изрази благодарност и пофалби за професионалниот однос  на м-р Билјана Гаревска и на стручната екипа од Природно-научниот музеј за навремената реакција во откопувањето на фосилните остатоци од носорог.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,