Отежнат сообраќај на Стража, во сила забрана за камиони и автобуси

Фото: OhridNews

На патниот правец Гостивар – Кичево на 1,5 километар пред планинскиот превој Стража се уште важи забраната за движење на тешки товарни возила и автобуси.

На овој патен правец, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот.

Тешките товарни возила над 7,5 тони и автобусите се пренасочуваат преку патниот правец Маврово-Дебар-Струга. Забраната е воведена поради тоа што на овој патен правец се реконструира мост.

Поради реконструкција на мост сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента и на патот Гостивар-Маврово во близина на Ново Село.

Во текот на вчерашниот ден поради зголемениот интензитет на возила се направи колона долга неколку километри.