Откриен и скелет при реконструкцијата на главната улица

Категории: Кичево, Слајдер

Според кажувања на очевидци, при ископувањата за реконструкцијата на главната улица, во близина на црквата е откриен и скелет.

Откритието не изненадува ако се знае дека околу оваа црква во средновековието постоеле гробишта кои, откако пораснал градот, биле пренесени на друго место. На влезната врата во денешната црква долго време постоеше праг од мермерна плоча која некогаш служела во конструкцијата на некој гроб.

Во близина на црквата, под калето, се наоѓаат уште постари гробишта кои датираат од предхристијанско време. Се карактеризирале со богати наоди и биле на два ката. Локалните жители сметаат дека еден бил за робот на лицето кое било погребано на тоа место.

Апел до надлежните да бидат повнимателни при работата бидејќи овој простор во повеќе слоеви содржи предмети кои можат да бидат од големо културно и историско значење како за Кичево, така и за Македонија.

Во текот на вчерашниот ден објавивме за откривањето на два бунари кои веројатно биле користени во средновековието.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,