Отпуштените работници од Кичево го одржаа протестот

Како што и беше најавено, денес во 11 часот пред општинската зграда во Кичево се одржа протестот на отпуштените работници и нивните семејства.

Отпуштените бараат образложение општински власти отпуштаат по етничка основа, исклучиво Македонци.

Како што истакнаа, на 11 јануари оваа година во кичевската противпожарна бригада биле примени 5 луѓе, од кои 4 Македонци и 1 Албанец. Од нив, отпуштени се Македонците додека Албанецот е задржан и му е доделено решение за работа.

Во противпожарната бригада и пред минатонеделните отпуштања имаше дефицит од пожарникари.

Покрај отпуштените од општина Кичево, детската градинка „Олга Мицеска“, центарот за култура „Кочо Рацин“, договорот и е прекинат и на една девојка која беше преземена од општина Вранештица иако истиот траел до 1 јули.

Се очекуваат и нови отпуштања. Досега сите отпуштени се Македонци.

Краткото образложение со кое од општината излегоа минатата недела е дека општината нема пари да ги исплати и е во финансиски долгови.