Отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител

Категории: Македонија, Слајдер

Денес православните верници го одбележуваат денот на отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител.

Свети Јован е роден шест месеци пред Исус Христос. Во својата триесетта година започнал да проповеда во јудејската пустина и да го повикува народот кон покајание. Она што тој постојано го нагласувал е дека неговото крштение со вода е само подготовка за пречекот на Месијата, и дека Месијата Кој доаѓа е поголем од него. Јован Го крштева Исус и Го претставува на народот како „Јагне Божјо кое на себе ги зема гревовите на светот“ (Мт 3,13-17) и за да „ја исполни секоја правда.“ (Мт 3,15 и Мк 1,9-11).

Настрадал маченичкисо отсекување на главата поради тоа што зборувал против Ирод Антипа.

Православната иконографија го изобразува на повеќе начини, од кои најкарактеристични се:

  •     Со крила, како пустински ангел, слично на пророштвото на Малахија дека ќе дојде во облик на ангел (Мал 3,1)
  •     Како стои со свитка и тексот: “покајте се …” (Мт 3,2), а позади него има суво дрво под кое се гледа секира (Мт 3,10).
  •     Како кефалофорит – светител на кому му е отсечена главата, која ја држи во раце (и има крила).
  •     Како стои во пустина, со лавови позади него.

Во Македонија, карактеристична е чудотворната икона на свети Јован Крстител, која се наоѓа во Бигорскиот манастир (http://www.facebook.com/bigorski.manastir) посветен токму на свети Јован Крстител.

Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот:

  •     Црквата св. Димитриј, Пиреја
  •     Музејот Бенаки, Атина
  •     Собата со свети мошти, Музејот Топкапи, Цариград (десната рака)
  •     Џамијата Умајад во Дамаск, Сирија
  •     Манастирот Цетиње, Црна Гора (десната дланка) и
  •     Бигорскиот манастир,св. Јован Крстител, Македонија (дел од дланка)

Главата на Свети Јован Крстител во катедралата во Амиен, Франција

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,