Првиот парламентарец Трајко Велјановски ќе ја отвори изложбата во Кнежино

Делата од 20 –та јубилејна Кичевска ликовна колонија, денес 11 –ти септември, ќе им бидат претставени на љубителите на уметноста од Кичево. На изложбата ќе бидат претставени 70-ина слики изработени во разни техники како и петте скулптури, кои ќе бидат поставени во предворјето на Куќата на уметноста.

Покрај дел од уметниците кои ги создадоа овие дела а ги имаше вкупно 26 од 17 земји, на отворањето се очекува да присуствува и Министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска, а по четврти пат изложбата за отворена ќе ја прогласи првиот парламентарец Трајко Велјановски.
Поголемиот дел од ликовните творби создадени на годинешната колонија на 13 септември ќе бидат претставени и на љубителите на убавата  уметност во главниот град а изложбата ќе отворена во КИЦ на град Скопје.
Зоран Антоски