Убиен американскиот амбасадор во Либија

Категории: Свет

Амбасадорот на САД во Либија Кристофер Стивен и тројца американски службеници се убиени во нападот врз конзулатот во источниот либиски град Бенгази, соопшти либискиот заменик министер за внатрешни работи Ванис ал Шареф.

Смртта на Стивенс беше потврдена со твит на либискиот вицепремиер Мустафа Абу Шагур.

Амбасадорот и тројцата службеници се убиени во ракетен напад врз автомобилот на амбасадорот, изведен во текот на ноќта, соопшти либиски претставник од Бенгази.

Службеник на амбасадата на САД во Триполи одби да даде информација за настанот.

-Немаме информација за тоа.

Тој додаде дека амбасадата ја потврдува само смртта на еден човек.

Протестот бил предизвикан од американски филм, доживеан како богохулење против пророкот Мухамед.

Амбасадорот и тројцата службеници на конзулатот загинале во ракетниот напад врз неговиот автомобил.

Службеникот во Бенгази додаде дека американски воен авион бил испратен да ги пренесе телата во Триполи, од каде ќе бидат транспортирани во САД.

Вооружени лица синоќа го нападнаа конзулатот во Бенгази и отворија оган врз либиските сили за безбедност, кои биле присилени да се повлечат.

Околу зградата горат неколку помали пожари, посочуваат агенциите.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,