Македонската параолимпијка Бикова наградена за освоениот медал

Владата на Република Македонија на вчерашната седница одлучи да и додели еднократна парична награда на Оливера Наковска-Бикова за освоениот златен медал на Параолимписките игри во Лондон во износ од 30.000 евра.

Наковска-Бикова која денеска беше на прием кај премиерот Никола Груевски, постигна огромен успех-освои златен медал и постави светски рекорд во стрелање со воздушен пиштол.