„Викиликс“: САД премолчено ги одобрија нападите на амбасадите

Категории: Свет

„Викиликс“ ги обвини САД дека премолчено ги одобрија нападите на своите амбасади, со тоа што ја поддржаа опсадата на Џулијан Асанж, основачот на оваа страница која се занимава со објавување на доверливи информации, документи и снимки.

Асанж, австралиски активист кој го основа „Викиликс“ за да се бори против тајните на владите, се крие во еквадорската амбасада во Лондон за да спречи негово екстрадирање во Шведска, каде што е обвинет за силување.

Демонстранти во вторникот ја нападнаа американската амбасада во Каиро, гневни поради филмот, кој според нивното мислење, го навредува исламот, додека вооружени екстремисти го нападнаа американскиот конзулат во Бенгази, при што е убиен амбасадорот и уште тројца дипломати.

„Викиликс“ ги обвини американските власти дека ја загрозуваат безбедноста на сите дипломатски претставништва со тоа што го поддржуваат кордонот на британската полиција околу амбасадата на Еквадор во Лондон.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,