„Барајќи го човекот“ – краткометражно кичевско филмче

Категории: Кичево, Слајдер

Минативе денови се снимаше краткометражниот филм „Барајќи го човекот“. Во режија на Благојче Наумоски – Бане, снимател Јован Наумоски и составен од интересна млада екипа.
Авторот на овој текст случајно налета на снимањето на една сцена и морам да признаам дека беше кул. Интересна мешавина на костими, сценарио и ентузијазам. Несекојдневно за Кичево. И кај нас се може.

Многу го сакам токму таквиот ентузијазам. Поместува граници и урива предрасуди. Се надевам ќе стане навика. Филмчето е на пост-продукција. Им посакувам скора премиера и успех.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,