Вечерва манастирот Пречиста ќе не собере уште еднаш

Утре е  Рожденство на Пресвета Богородица – Мала Богородица. Вечерва уште еднаш традиционално реки од народ ќе се упатат кон манастирот како и секоја година. Ова е посебен ден за народот од овие простори. Се чествува рожденството на Божјата Мајка, се служи вечера за сите луѓе, особено за сиромашните и изнемоштените. Манастирските конаци се преполни со народ кој дошол тука да преноќи.

Луѓето уште еднаш ќе се помолат на Богородица, ќе се протнат под чудотворната икона  и ќе се измијат од светата манастирска вода. Ќе ја угасат жеддта од манастирската чешма. Така било откога постои манастирот, така ќе остане додека рекол Бог.

Покрај православните верници, на овој ден доаѓаат и муслимани.

Иако денот во Кичево ќе биде студен и врнежлив, дождот ќе престане да паѓа околу 19 часот и времето ќе се разведри. Но ќе биде ладно, температурата ќе падне до 6 степени  и затоа облечете се добро.