Новак Ѓоковиќ доаѓал од нецивилизиран дел од светот?

Категории: Слајдер, Спорт

Ако немате слушнато за најглупавиот новинарски текст во последните неколку векови, тогаш продолжете со читање. Со дрзок и навредлив текст во холандскиот весник Троув, холандската новинарка Никол Лукас се обиде да му постави „дијагноза“ тенисерот Новак Ѓоковиќ.

-Приказната за Ѓоковиќ е приказна за неговото потекло, од земја со лоша репутација, која во голема мера влијаела на неговиот карактер. Новак имал 12 години, во време кога НАТО ја бомбардираше Србија, а подоцна бомбардирањето зазема и важно место во неговиот живот и кариера – пишува Лукас.

Новинарката го заклучила тоа од следната изјава на Ѓоковиќ:

-Војната направи од мене подобар човек, бидејќи научив да ценам некои работи, а не да земам здраво за готово. Тоа ме направи подобар тенисер, затоа што се заколнав дека ќе му покажам на светот дека постојат добри Срби.

Можеби дека потекнуваме од ист „нецивилизиран“ регион, јас неможам да го увидам лошото што еден млад човек сака преку спортот да покаже едно поинакво лице на својата земја.

Новинарката не застанува тука. Дава и „географска“ димензија за ваквата „дијагноза“:

-Тој потекнува од нецивилизиран дел од светот , неговите родители и навивачи не ги знаат правилата на однесување на тениски стадион. Навиваат како за на фудбалски натпревар. На фотографиите каде се забележани  моментите кога победува тој е со стиснати тупаници и гримаси. Сето тоа е грдо и агресивно.

Каде ли ја учеле нејзините родители бон-тон… Но не, не е само потеклото показател на тоа каков си, туку и изгледот.  Па „поентира“:

-Еден холандски новинар неодамна го опиша како човек со коскен череп, орловски нос и црна коса, како лешинар. Во медиумите се појавува и мислење на еден психијатар кој тврди дека Ѓоковиќ му се посветил на тенисот со цел да доминира.

Што да се каже после ова? Не само Србите, туку сите на Балканот, а богами и во светот обожаваме да ги истакнуваме боите на своите земји. Горан Пандев со Интер на финалето на Лига на Шампиони во 2010, Артим Шаќири на натпреварот со Англија во 2002, ракометарите на ЕП, кошаркарите на ЕП…

И покрај многу непријателства во минатото, на натпреварувањата се поддржуваме едни со други. Можеби оваа способност да ги надминеме предрасудите кога е во прашање спортот не прави „нецивилизирани“. Дали е нецивилизирано што кога игра Холандија нејзините навивачи се облекуваат во портокалово? Во што е разликата со нас „нецивилизираните“ од балканот? Откога физичкиот изглед почна да кажува за степенот на цивилизиранот на еден човек, во случајот спортист?

Изјавата на новинарката во најмала рака е глупава. Следен пат нека ги консултира Марко Ван Бастен, Брајан Лаудруп, Марк Ван Дер Сар, Руд Гулит… било кој спортист од нејзината земја. Ќе направи услуга да не тропа глупости во иднина.

Принцот на тркачките патеки, Усеин Болт. Која ли дијагноза би му поставила нему холандската новинарка?…

Спортот не познава граници. Во тоа е неговата универзална димензија. Секој спортист сака да победи. Секој човек се радува на победата. И овде и секаде на светот. Психијатрите нека ги лечат ксенофобите.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , ,