Јавна трибина по повод загадувањето на кичевските реки

Во изминатите  неколку  децении реката Треска и нејзините притоки се претворија во пловечки депонии поради што повеќето видови од нејзиниот биодиверзитет исчезна или се пред исчезнување. Врз сите водотеци се вршат негативни еколошки влијанија со кои ја нарушуваме чистата и здрава животна средина и придонесуваме кон зголемувањето на заканите по нашето здравје и останатиот биодиверзитет во водотеците и крајбрежјето. Пред само неколку дена се случи последниот помор на риба.

Со цел за подигање на јавната свест, на ден 20 и 21 Јули во Домот на културата “Кочо Рацин” во Кичево, се одржа фото изложба каде беа изложени фотографии за состојбата со реката Треска и нејзините притоки. Беа опфатени 11 целини каде е прикажан периодот од  втората половина на минатиот век и моменталната состојба со последиците и заканите од општественото влијание, како и размислувања за надминувања на состојбата.

Во континуитет на проектот “Заштита на Автохтоната Македонска пастрмка (Salmo Macedonicus) во реката Треска и нејзините притоки” ве покануваме да присуствувате на јавната трибина “ДЕГРАДАЦИЈА НА ЕКОСИСТЕМОТ НА РЕКАТА ТРЕСКА И НЕЈЗИНИТЕ ПРИТОКИ” која ќе се одржи на ден 14 Септрември 2012 од 11:00 до  13:00 часот, во О.У “Владимир Полежиноски” во Кичево.
Наша должност и обврска е на идните поколенија Треска и нејзините притоки да им ја оставиме во природната  убавина, онака како што со векови ја градела природата.