Викендов авто-трки на патеката во кичевската касарна

Добропознатата тркачка автопатека во касарната на АРМ во Кичево викендов ќе биде домаќин на уште една трка. Организатор е од Скопје. Според најавите на патеката долга 2050 метри се очекуваат повеќе од 20 натпреварувачи, а покрај домашните голем интерес за овие два натпревари пројавуваат и возачите од соседните земји.

Ова е првата трка која се организира оваа година. Организаторот  ветува „многу адреналин“.

Во сабота на 22 септември тренинзите ќе започнат во 11.30 часот, а првата трка ќе се вози со почеток од 14.30 часот. Во недела трката ќе започне во 12 часот по што ќе следи и прогласувањето на најдобрите учесници.