Комбинирани преноси од првата лига на МТВ

Категории: Македонија

Македонската телевизија во соработка со ФФМ ќе почне да емитува комбиниран пренос од сите терени на кои се играат натпревари во Првата Македонска Фудбалска Лига.

Ќе се започне со натпреварите од седмото коло, односно еден натревар ќе оди во директен пренос, а при секој гол ќе има вклучување во живо уште на неколку други стадиони.

Овој потфат на МТВ и ФФМ, како што информираат од јавниот сервис ќе стартува утре од Кратово со мечот помеѓу Силекс и Вардар од кој ќе има пренос, а при постигнат погодок комбинирано ќе има вклучувања и во Битола, Тетово и Штип каде играат Пелистер-Ренова, Шкендија Тетекс, и Брегалница -Работнички.

Исто така, пред стартот на натпреварите во новото модерно студио на МТВ ќе има посебна емисија во која ќе гостуваат познати имиња од македонскиот фудбал, кои преку посебни анализи ќе се обидат дополнително да ги анализираат и прогнозираат натпреварите од домашниот шампионат.

Преносите на натпреварите од домашниот фудбал на МТВ, кои стартуваа минатиот викенд, предизвикаа низа задоволство кај голем број на љубители на фудбалот низ нашата земја, па се очекува заедничкиот потфат на јавниот сервис и ФФМ за комбиниран пренос од натпреварите дополнително да го привлече вниманието на вљубениците во најважната споредна работа на светот.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,