Тоа мора да е љубов

Еден вљубен Канаѓанец одлучил да ја пронајде девојката во која се вљубил и тоа откако со неа разговарал само две минути. Поради ирската убавица, која ја запознал минатата година во Енистимон, забарот, Сенди Крокер, досега минал осум илјади километри, пишува „Дејли мејл“.

– Застанавме во Енистимон за да јадеме. Ја забележав во ресторанот, беше на заминување и морам да и кажам нешто. Ја прашав во која насока се наоѓаат Клифс оф Мохер. Тој ден си заминувавме од Ирска и сметав дека е бесмислено да ја поканам на состанок. Но откако си замина сфатив дека погрешив. Се што сега сакам е да ја пронајдам, нагласи Крокер.

Кога се вратил во Канда тој не можел да престане да размислува за црвенокосата убавица. Токму поради тоа минатиот месец одлучуил да се врати во Ирска и следните месеци да ми мине во интензивна потрага по девојката.

– Доколку ни е судено сигурен сум дека ќе ја пронајдам, тврди Сенди, кои своите податоци во случај да му се јави девојката ги остави на страниците „Travel-bug-4u“.

Би го направиле ли и вие истото?