Комплетирано 5.то коло во Премиер лига

Со одигрувањето на натпреварот Тотенхем – Квинс Парк Ренџерс кој заврши со резултат 2:1 за Тотенхем, се комплетира 5.коло во англиската Премиер лига.

На другите попладневни натпревари од оваа рунда постигнати се следниве резултати: Ливерпул – Манчестер Јунајтед 1:2, Њукасл – Норвич 1:0 и Манчестер Сити – Арсенал 1:1.

Резултати постигнати на вчерашните дуели: Свонси – Евертон 0:3, Саутемптон – Астон Вила 4:1, ВБА – Рединг 1:0, Вест Хем – Сандерленд 1:1, Виган – Фулам 1:2 и Челзи – Стоук 1:0.

Табела: Челзи 13 бодови, Манчестер Јунајтед 12, Евертон 10, ВБА 10, Арсенал 9, Фулам 9, Манчестер Сити 9 итн.