Усвоен кодекс за заштита на приватноста, индентитетот и интегритетот на детото

Категории: Македонија

Новинари кои известуваат за сексуално злоставување на децата и педофилија, денеска на семинар во Кичево, ја усвоија конечната верзија на Кодексот за заштита на приватноста, индентитетот и интегритетот на детото.

Семинарот се одржа во организација на Првата детска амбасада „Меѓаши‘‘.

Кодексот, кој беше во Нацрт верзија, а  се работеше три години, содржи збир од усвоени начела кои новинарите и медиумите треба да го почитуваат при известување за насилство врз децата, особено при случаи на сексуална злоупотреба и педофилија. Кодексот, кој ќе биде дистрибуиран до двете новинарски здруженија, до сите новинари и медиуми во Македонија, е изготвен врз основа на принципите и Конвенцијата за правата на детето  на Обединетите Нации и на други меѓународни документи кои се однесуваат на правата на детето.

Драги Змијанац од Првата Детска амбасада „Меѓаши‘‘ истакна дека целта е да се охрабрат  децата жртви и децата сведоци, а со  нивна анонимна заштита да проговорат и побараат помош од нив за секој вид сексуално злоставување.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,