Комплетирано 4.то коло во Серија А, еден натпревар одложен

Категории: Спорт

Екипата на Лацио доживеа пораз на „Олимпико“ синоќа во рамките на последниот натпревар одигран од 4.коло во Серија А и со тоа ја прекина серијата од три победи по ред.

Во Рим се радуваше екипата на Џенова, која до триумф дојде со голот на Марко Бориело во 79.та минута.

На другите натпревари од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Аталнта – Палермо 1:0, Катанија – Наполи 0:0, Интер – Сиена 0:2, Удинезе – Милан 2:1, Болоња – Пескара 1:1, Сампдорија – Торино 1:1, Јувентус – Киево 0:2 и Парма – Фиорентина 1:1.

Натпреварот Каљари – Рома е одложен.

Табела: Јувентус 12 бода, Наполи 10, Лацио 9, Сампдорија 9, Фиорентина 7,…

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,