Средба Иванов – Обама

Категории: Македонија, Слајдер

 

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов вчера во Њујорк имаше средба со американскиот претседател Барак Обама, јави дописникот на МИА од САД.

На средбата, за време на приемот за шефовите на делегации кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации, македонскиот претседател Иванов побарал да продолжи поддршката што САД ја даваат на Македонија за добивање на покана за членство во НАТО.

Обама истакнал дека САД даваат силна поддршка за интеграцијата на Македонија во НАТО. Американскиот претседател воедно изразил благодарност за придонесот што Македонија го дава во воените мисии како што е мисијата во Авганистан.

Американскиот претседател на средбата со шефот на македонската држава го охрабрил дијалогот на Македонија и Грција за надминување на спорот за името, во надеж дека ќе се дојде до решение. Обама рекол дека знае оти е потребно да се работи за реализирање на македонскиот влез во НАТО.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , ,