Одиме во Ниш!

Категории: Слајдер, Спорт

По неколку години пауза, македонските ракометарки се враќаат на големите натпреварувања.

Се израдувавме откако обезбедивме пласман на Европското првенство, но веројатно радоста беше удвоена откако Холанѓаните се откажаа, па Србија по машкиот, доби шанса да го организира и женскиот континентален шампионат.

По претходно востановената „економски оправдана“ пракса, ЕХФ му дозволи на организаторот и овој пат да определи „носители“ на групите со т.н. полудиригиран ждреб, овозможувајќи им на дел од репрезентациите да играат во за нив блиски градови домаќини. По ова, ние добивме привилегија групниот сегмент да го одработиме во веќе проверениот Ниш.

Уште тогаш беше јасно дека се е подготвено за нова македонска инвазија на градот во јужна Србија,а сега стигна и потврдата.

Имено, продажбата на влезниците на Еврошампионатот за ракометарки, кој ќе се одржи од 9-ти до16-ти декември во Белград, Нови Сад, Вршац и Ниш почна во понеделникот на 17-ти септември. Мина една седмица, а на големат радост на спортската јавност, досега се продадени повеќе од 15 илјади билети.

Домаќинот потврди дека според очекувањата, најголема заинтересираност владее за нашата Б група. Сепак, покрај доминантните Македонци, добар дел од влезниците завршиле и во рацете на навивачите на селекциите фаворити во нашето друштво, Франција и Данска. Се разбира, билети купувале и самите нишлии, надалеку познати љубители на ракометот.

Со оглед на тоа дека уште сега влезница повеќе, „мераклиите“ очекуваат да се повтори одличната атмосфера од јануари и голем број гости, пред се Македонци, во градот. За оние кои се уште не обезбедиле билет за Европското првенство, меѓудругото тоа можат да го сторат и на интернет-страницата „www.tickets.rs“.

Кон крајот на годината најдобрите македонски ракометарки ќе се вратат на големата сцена по неколкугодишна пауза.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,