Од денес поефтини бензини

Бензините од денес поефтинуваат за три денари, односно за 3,5 денари, а дизелот за 1,5 денари, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика.

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 3,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за три денари за литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 85 денари за литар.

Еуродизелот ќе се продава по 72 денари за литар, а цената на екстра лесното масло, која се намалува за еден денар, ќе изнесува 61 денар за литар.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар, како и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.