Apple критикуван поради мапите кои ги користи на своите уреди

Категории: Магазин, Слајдер

Непрецизни и погрешно изговорени имиња на градови и места во новата апликација на „Епл“, испровоцираа гнев кај корисниците.

Во јуни „Епл“ најави дека ќе престане да ги користи мапите на „Гугл“ во корист на својот систем, создаден од информациите од навигациите, како што се „ТомТом“ и други.

„Епл“ досега не даде коментар по жалбите во врска со овој софтвер, кој доаѓа инсталиран на новиот ајфон.

Од „ТомТом“ рекоа дека ги обезбедуваат само информациите и дека не се одговорни како програмата работи.

Софтверот е спакуван во иОС6, последната верзија на оперативниот систем на „Епл“, кој работи на ајфон, ајпад и ајпод тач.

Претходно системот имаше апликација за кориснички софтвер со мапи од „Гугл“.

Но, корисниците се сега приморани да го користат новиот софтвер на „Епл“ со мапи кога ќе направат надградба или ќе го купат последниот ајфон – кој почна да се продава минатиот петок.

Во моментов во продавниците за апликации на „Епл“ не може да се купи апликација со мапите на „Гугл“, иако системот на „Гугл“ се уште е достапен преку веб браузерот на телефонот.

Музеј во река

Помеѓу жалбите од корисниците во врска со мапите на „Епл“ кои тие ги испратија во Би-Би-Си, има:

– Некои градови недостасуваат, како што се Стратфорд на Авон и Солихал;

– Други градови, како Акфилд во источен Сасекс, се на погрешна локација;

– Сателитските снимки на различни локации, посебно во Шкотска, се покриени со облаци;

– Потрагата по фудбалскиот клуб „Манчестер Јунајтед“ ги води корисниците до фудбалскиот клуб „Сејл“, локален тим за деца од над петгодишпна возраст.

Кориснциите исто така се пожалија дека недостасуваат и локални места, како што се училишта или пак се на невообичаени локаци. На една снимка музеј е лоциран во река.

Твитер акаунтот кој ја испрати оваа слика е исклучен и веќе не постои.

„ТомТом“, кој исто обезбедува податоци и за други мобилни производители, се брани од вмешување во случајот.

Портпарол на компанијата за Би-Би-Си рече дека нивните мапи обезбедуваат само „основа“ на оваа услуга.

– Искуството на корисниците е определено со додавање содржини на апликацијата со мапи, како што се фотографии, рече тој. – Искуството на корисниците целосно зависи од изборот на производителите на телефони. Ние сме уверени во квалитетот на нашите мапи и досега продадовме 65 милиони преносни навигациски направи низ целиот свет, како и повеќе од 1,4 милиони „ТомТом“ апликации за ајфон во минатите две години, со што се потврдува нашиот квалитет.

Пред прооцијата на иОС6, неколку развивачи на софтвер изразија загриженост во врска со веродостојноста на мапите, посебно неможноста да се најдат повеќе фирми преку машините за потрага.

– Ова е неверојатно различно од користењето на мапите на „Гугл“, напиша еден блогер од Денвер на 13 септември. – Ова е неверојатен чекор назад и нешто што го осакатува оперативниот систем за корисниците на „Епл“. Оттогаш се обидов да побарам поправки за ајфон и ајпад, затоа што е тоа важно за нашиот бизнис. но резултатот ми го скрши срцето. Сиот напор кој го направивме за наше локално препознавање е целоснно исчезнат.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , ,