Србија ги зголемува акцизите за горива

Категории: Свет

Од 1 октомври се зголемува акцизата на дизел горивото, течниот нафтен гас, како и на цигарите, бидејќи Собранието на Србија денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за акцизи, што тоа го предводуваат. 

Од почетокот на следниот месец, со овие измени, акцизите на дизел горивото ќе се зголемат од сегашните 37 на 42 динари за литар, додека акцизите на течниот гас ќе се зголемат на 30 динари за литар.

Акцизите на оловниот бензин ќе се зголемат на 55 динари за литар, додека за безоловниот бензин остануваат непроменети и тие натаму ќе изнесуваат 49,6 динари за литар.

Од 1 октомври се зголемува и специфичната акциза на цигарите и тоа од 33 на 43 динари за кутија, а во план е оваа акциза од 1 јули следната година да биде зголемена за уште два динари.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,