Кичевскиот совет ја одржува 41.седница

Категории: Актуелни теми, Кичево, Слајдер

Советниците од советот на Општина Кичево денес  ја одржуваат четириесет и првата седница. Точките на кои ќе се расправа се:

1. Годишна Програма за работа на ОУ „Санде Штерјоски“ Кичево за учебната 2012/2013 година.

2. Годишна Програма за работа на ОУ „Д-р Владимир Полежиноски“ Кичево за учебната 2012/2013 година.

3. Годишна Програма за работа на ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ Кичево за учебната 2012/2013 година.

4. Годишна Програма за работа на ОСУ „Мирко Милески“ Кичево за учебната 2012/2013 година,

5. Годишна Програма за работа на ОСУ „Дрита“ Кичево за учебната 2012/2013 година.

6. Предлог Одлука за измена и дополна на распоредот на средства во Буџетот на Општина Кичево за 2012 година.

7. Предлог Одлука за организирање на превоз на ученици со сопствени возила.

8. Предлог Одлука за отпочнување постапка за изработка на измена и дополна на ДУП за населба „Бала маало“ Блок Ѓ 10 – дел – Општина Кичево.

9. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе урбанистичко -планска документација – измена на ГУП за Блок Ѓ10 во урбана единица (УЕ-Ѓ) за населба „Бала маало“ – Општина Кичево.

10. Предлог Одлука со која се утврдува дека ќе се донесе измена на ДУП за дел од населба „Под Крушино“ втор дел -Кичево, донесен со Одлука на Совет на Општина Кичево бр.07-282/3 од 24.03.2004 година.

11. Предлог со која се утврдува дека ќе се донесе измена на ДУП за дел од населба „22-ри Декември” – Кичево, донесен со Одлука на Совет на Општина Кичево бр. 07-1320/6 од 07.09.2000 година.

Седницата започна во 10 часот.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,