Руски велосипедисти импресионирани од Кичево

На 9 септември оваа одина во посета на Кичево како гости на велосипедскиот клуб „SpeedBike“ дојдоа двајца велосипедисти од Новосибирск, Русија, Маша Булочкина и Максим Анишков.

Велосипедистите од Русија беа пријатно изненадени од можностите на велосипедските патеки кои ги има Кичево, особено од велосипедскта патека „Крушино“. Покрај ова, гостите беа запознаени со убавините кои ги поседува градот, како и со културните и природните знаменитости.

Маша и Максим се на турнеја од Скопје до Истанбул. Поминале над 1500 километри и се особено импресионирани од нашиот град.

Руските велосипедисти го посетија манастирот Свети Ѓорѓи Кнежински (IV век)

Меѓународните контакти и соработка на друштвото „SpeedBike“ се редовна рутина на клубот и велат дека ќе продолжат и понатаму во насока на популаризација на спортот помеѓу кичевчани и промоција на Кичево како во Македонија, така и надвор од нејзините граници. Покрај ова, клубот активно учествува и на натпреварувањата од овој тип.

Последните години во Кичево станува се по-полуларен велосипедизмот како спорт, што е и природно, ако се земат во предвид можностите и теренот кои ги има во Кичево. Иако не е ефтин спорт и побарува голем труд, дисциплина и енергија, во Кичево се оформени неколку велосипедски здруженија, а кичевчани почнаа во се поголем број да го користат велосипедот за здраво живеење.