Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Во судар на две возила, на магистралниот патен правец Гостивар – Кичево, повредени се шест лица од кои три потешко, јавува МИА.

Според информациите од СВР Тетово, сообрќајната несреќа се случила утрово околу 7 часот, во близина на асфалтната база. Според првичните сознанија двете возила „Сеат-кородоба“ со гостиварски регистерски таблички и „фолксваген“ со албански регистерски ознаки директно се судриле.

Непосредно по несреќата, три лица биле пренесени во гостиварската болница, а истражен судија, јавен обвинител и екипи на МВР се уште вршат увид.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)