Напредок утре ја пречекува Брегалница

Екипата на Напредок утре на домашен терен ја пречекува екипата на Брегалница. Дуелот следи по минатонеделниот пораз од Металург во Скопје. И двете екипи се со по 10 освоени бодови.

Денес се одигра тетовското дерби Ренова – Шкендија кој заврши со победа на гостите со 0:3.

Утре ќе се одиграат останатите средби: Хоризонт Турново – Работнички, Тетекс – Металург, Дрита – Силекс и Вардар – Пелистер.