Напредок ја победи Брегалница и изби на 5 место во ПМФЛ

Со добра игра и краен резултат екипата на Напредок вчера ја победи штипска Брегалница со 2:1. Покрај двата постигнати гола, голманот на Напредок одбрани и пенал. Секоја чест. По оваа победа Напредок се искачи на петтата позиција во Првата Македонска Фудбалска Лига со 13 поени, 6 помалку од првопласираниот Вардар. Со овие добри игри Напредок покажа дека е достоен за настапи во европските шампионати.

Следното коло кичевчани гостуваат во Скопје кај Металург кој вчера однесе победа на гости против последнопласираниот Тетекс.

Во вечното дерби Вардар – Пелистер, подобри беа домаќините и славеа со краен резултат од 3:1.

На другите попладневни дуели од ова коло постигнати се следниве резултати:  Тетекс – Металург 0:1 и Дрита – Силекс 2:1, Турново – Работнички 3:0. Во саботата Шкендија како гостин ја победи Ренова со 3:0.

Табела:

Екипа

Поени

1

Вардар 19

2

Хоризонт Т. 17

3

Металург 15

4

Шкeндијa 14

5

Нaпрeдoк
13

6

Реновa 11

7

Дрита 11

8

Брегалница Ш
10

9

Пелистер 10

10

Рaбoтнички
10

11

Силекс 4

12

Тетекс 3