Египет: Христијаните го напуштаат Синај

Категории: Свет, Слајдер

Цели семејства коптски христијани ги напуштаат своите домови во Синај затоа што се плашат за своите животи откако добија смртни закани од исламистички милитанти, пренесува abcnews.go.com.

Отец Јусуф Соби вели дека милитантите оставале летоци пред продавниците во сопственост на коптите во градот Рафа, во близина на границата со Газа и Израел, па им наредуваат да заминат од градот во рок од 48 часа, а доколку не го направат тоа им се закануваат со остро насилство. Два дена подоцна, маскирани милитанти на мотор отвориле оган врз една од продавниците и потоа избегале, вели Соби. Никој не бил повреден во престрелката.

Христијаните минатиот вторник се сретнаа со еден владин претставник назначен од исламистичкиот претседател на Египет, Мухамед Мосри. Гувернерот ветил дека ќе ги смести коптите коишто ќе се преселат во блискиот град Ел-ариш, но не понуди заштита на заедницата за да останат во Рафа, вели свештеникот.

-Се шокирав од одговорот на гувернерот. Ова како да е поддржано од Владата, вели Соби.

Еден претставник на разузнавачката служба од Египет вели дека многу коптски семејства заминале од Рафа поради заканата. Друг службеник одрече дека христијаните биле присилени да заминат. Но и двајцата сакале да останат анонимни затоа што немаат дозвола да ги информираат медиумите.

Не е јасно точно колку христијани заминале од градот, но Соби вели дека бројот на коптите во Рафа бил 14 семејства, а по немирите коишто го симнаа од власт Хосни Мубарак во февруари 2011, останале само две.

Првите семејства го напуштиле Рафа откако единствената црква во градорт, црквата Свето семејство, беше нападната, запалена и уништена од неколку напади на милитантите во текот на минатата година. Црквата беше изградена на место за кое христијаните веруваат дека Светото семејство застанало да се одмори откако влегле во Египет.

Соби исто така бил во првата група христијани коишто заминале, но често се враќа во Рафа за да ја посети парохијата.

Мамдух Насеф, сопственикот на продавницата којашто неодамна беше нападната, вели дека соседите муслимани го тераат да остане и дека му ветуваат заштита.

-Не може да ме чуваат 24 часа на ден, а се плашам и за децата. Моите деца се родени тука, а муслиманите ми се како браќа, вели тој.

Манастирот Света Катерина на Синај, изграден за време на Царот Јустинијан (527-565 година). Постарите остатоци се изградени 2 века порано од страна на Света Елена, мајката на царот Константин Велики

Во минатото во Египет имаше насилство. Во јули, во селото Дашур во јужно Каиро, група муслимани палеа христијански домови и продавници, а црквата беше уништена, по што многу коптски семејства заминаа од селото. Насилството кулминираше кога едно лично несогласување ескалираше со насилство и еден муслиман почина.

Во Синај, заканите врз христијаните, коишто сочинуваат 10 проценти од 85 милионското населените во Египет, се доказ за беззаконието што владее на полуостровот по немирите за симнување од власт на Мубарак. Оттогаш безбедноста низ Египет е намалена, особено во Синај, каде што вооружени групи ја намалуваат безбедноста и напаѓаат полициски станици, барајќи создавање исламистичка држава.

Милитантите од Рафа и оние од појасот Газа коишто преминаа во Синај преку комплицирана подземна мрежа, започнаа погранични напади на Израел. Во еден од најновите напади, маскирани милитанти убија 16 египетски војници во август.

Под власт на Мубарак, христијаните се жалеа на дискриминација од страна на владата, којашто не преземаше мерки да ги спречи нападите од страна на муслиманите. Многу христијани избегаа во САД и други западни земји, а тензиите растат откако полицијата направи во земјата да владее беззаконие.

Со доаѓањето на власт на првиот исламистички претседател, Мухамед Морси од Муслиманското братство, многу христијани станаа загрижени поради своето место во Египет.

Нападите врз египетските Христијани особено зачестија изминатите 2 години по таканаречената „Арапска пролет“

Нивните грижи станаа подлабоки откако коптските христијани од Египет преселени во САД поставија 14-минутен клип под наслов „Невиноста на муслиманите“, филм што го деградира исламот и пророкот Мухамед, каде што тој е прикажан како „женкар“, измамник и злоупотребувач на деца. Филмот поттикна бесни протести во муслиманскиот свет и напади на американските амбасади, вклучувајќи го и тој во Либија каде што беше убиен американскиот амбасадор и тројца други американци. Бранот протести започна во Каиро, каде што демонстраторите навлегоа во американската амбасада.

Минатиот четврток судот во Египет изрече 6-годишна казна за еден професор, коптски христијанин, којшто е обвинет за навреда на исламот и исламистичкиот претседател преку постови на Фејсбук.

МЕНА, новинската агенција на Египет, вели дека судот во провинцијата Сохаг ја потврди пресудата на понискиот суд којшто ја осуди Мишел Бишој, позната како Бишој ел-Бери, за виновна поради богохулство и поставување навредливи слики од исламскиот пророк. Судот го поддржи осудувањето на Бишој поради обвиненија за навреда на египетскиот претседател, Мухамед Морси.

На одлуката донесена во четвртокот може да се поднесе жалба.

Ова е втор случај во месецот кога коптски христијанин е затворен поради објавување материјали за коишто се смета дека се антиисламистички на некоја страна од социјалните мрежи.

Извор: www.abcnews.go.com

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,