Каде се наоѓала Ускана?

Категории: Кичево, Ризница, Слајдер

Името Ускана често се поврзува со антички град кој се наоѓал во кичевската котлина. За него дознаваме од записите на римскиот историчар Тит Ливиј (книга 43, поглавје 23) како град во кој живееле Пенестите. Него го споменува и археологот Вера Битракова Грозданова како град кој се наоѓал исто така во кичевската котлина. За разлика од нив, Микулчиќ го лоцира некаде во дебарско. Патеписецот Едмунд Спенсер кој пред 160 години поминал оттука за кичево го поврзува за антички град со име Скиртиена, податок кој кај него прв пат се сретнува но не дава подетални податоци за самиот град.

Едно е посигурно. Бил разорен од од војските на последниот македонскиот крал Персеј за време на третата македонско – римска војна. Информациите се сепак слаби. Персеј пред Ускана ги намамил Римјаните во замка и катастрофално ги поразил. Од војската која била испратена од кампот оддалечен околу 12 милји од Ускана, се вратиле само неколкумина. Претходно Персеј однел 8000 заробеници од Ускана и ги продал како робови. Тука Ускана се губи од историските записи.

Каде точно се наоѓал овој град, кој со оглед на бројот на заробеници кој биле однесени од него, не бил така мал.

Пред неколку години во преписка со професорот и истакнат археолог Виктор Лилчиќ како веројатна локација за Ускана беше посочено Китино Кале. Калето никогаш не е истражувано. Со сондажни испитувања потврдена е човечка населба од неолотско време. Видливи остатоци се видливи и денес, потекнуваат од средновековието. Некогашната тврдина, која е изградена на постари остатоци, затвора простор од 1,5 хектари (околу 440 метри обѕидие). Китино кале е добро место каде би се побарала Ускана. Но тој простор е премал за да биде град на повеќе од 10 000 луѓе. Во кичевската котлина има уште неколку места кои би можеле да бидат локациите на некогашниот антички град.

Втора локација која ја поврзуваат со постоењето на антички град е во близина на селото Вранештица. Во сондажни испитувања потврдено е човеково присуство во подолг временски период.

Третата локација е место кое најмногу упатува на постоење на град во антиката бидејќи ги има сите карактеристики на современа градска населба од тоа време. Неколкупати е поголема од Китино Кале. Најраните остатоци се од неолитот, во континуитет до хеленистичко доба каде настапува прекин на живеењето! Потоа животот продолжува во доцната антика кое се одликува со постоење на голема христијанска населба која во 6 или 7 век била разорена, веројатно од упад на варварските народи од север. Големиот фортификациски систем не помогнал во нејзината одбрана. Оттогаш прекинува и животот на тоа место.

Се надеваме дека во догледно време ќе се реши мистеријата околу постоењето на Ускана и нејзината точна локација.  Со тоа Кичево би решил уште една етапа од своето постоење, а самиот локалитет може да стане туристичка атракција.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , ,